СДСМ сигурен во одлуката да не учествува на локалните избори


 СДСМ денеска најави дека ќе ги нивните пратеници нема да се вратат во Парламентот и ќе ги вратат пратеничките мандати, а ја потврди одлуката партијата да не учествува на локалните избори.


sdsm-328x320– Апсолутно нема да одиме на локални избори, нема да се вратиме во Парламентот, ќе ги вратиме мандатите, а целокупната одговорност за продлабочување на политичката криза, која е најголема во последните десет години, ќе оди на сметката на ВМРО ДПМНЕ, изјави генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров одговарајќи на новинарски прашања по завршувањето на караванот на отпорот што опозицијата го организираше движејќи се со возила по улиците на Скопје.

Тој додаде дека партијата смета оти се помали шансите да се надмине оваа криза, поради тоа што, како што истакна не постои подготвеност од другата страна за разговор и дијалог.
– Би сакал уште еднаш да подвлечам, дека единствен излез за надминување на актуелната криза е одржување на фер и демократски предвремени парламентарни избори, како единствен начин да се обнови легитимитетот на институциите, рече Петров додавајќи дека без исполнување на овој услов СДСМ нема да учествува на локалните избори.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1