Во кафе бар „Њу Орлеанс“ во старата скопска чаршија, синоќа дошло едно непознато лице кое започнало врбална расправија барајќи да не се пушта македонската музика.
Откако лицето заминало од барот набрзо потоа се вратил со неколку млади лица на возраст од 20 до 25 години кои исто така започнале вербална расправија по што искршиле две стакла и компјутер кој бил сопственост на Диџејот.
Кога вработената сакала да се јави во полиција лицата и го одзеле телефонот и го скршиле удирајќи го од земјата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот како и за пронаоѓање на сторителите.