Дневник: Црвенковски дефинитивно најавил дека ќе се повлече од лидерската позиција на СДСМ


На состанок на највисокото партиско раководство, велат високи извори од СДСМ, пред извесно време Црвенковски дефинитивно најавил дека ќе се повлече од лидерската позиција и на неколку негови блиски соработници им понудил да ја заземат неговата функција, пишува Дневник.

branko-crvenkovski11-604x272

Заев и Ивановски без размислување прифатиле да бидат кандидати, а Шекеринска се уште се двоумела дали да ја прифати понудата од Црвенковски.

– Сега е многу важно кој од нив ќе ја добие поддршката од Црвенковски, кој во секој случај ќе остане лидер во сенка или почесен претседател – велат од СДСМ.

Според партиски извори, Ивановски веќе е во трка до почетокот на конгресот да ја добие довербата од Црвенковски, но и од што е можно поголем број од 700-те делегати, кои последни одлучуваат за наследникот на актуелниот претседател, пишува весникот.

Igor-IvanovskiОсвен Ивановски, во најсериозна трка за претседателската фотелја се и партискиот потпретседател Зоран Заев и некогашниот лидер на СДСМ, а сега пратеник Радмила Шекеринска.

Додека Ивановски и Шекеринска се уште не се огласиле, Заев ја потврди поддршката од струмичкото, но и од скопското партиско членство за евентуален нов лидер.

Иако во јавноста се споменуваше и името на членот на Дипломатскиот совет на СДСМ Стево Пендаровски, партиски извори засега го отфрлаат од игра, затоа што, како што велат, неговиот внатрешен политички удел, за разлика од влогот што го давал во надворешната политика, меѓу општинските организации, е многу слаб.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1