„Поубава си отколку што мислиш“: Реклама која ги воодушеви сите (Фото/Видео)


Ќе ве изненади кога ќе видите колку жени мислат дека се убави, а колку тоа се разликува од она како другите ги гледаат, во оваа оригинална кампања која подигна голема бука. Дали жените сами себе се гледаат помалку прецизно отколку што тоа го гледаат странците? Новата Dove кампања вели да – и нуди доказ, во облик на форензичарска скица.

reklamaDove  регрутирал седум жени од различна возраст и потекло, а форензичарскиот уметник кој е обучен во ФБИ, Гил Заморa направил скици на нивните лица, на основа на нивниот опис на своите карактеристики. Во видеото кое е продуцирано за кампањата, можете да ги слушнете женити како користат фрази како што се: „мојата мајка вели дека имам голем задник“, „ имам дебело, тркалезно лице“, „мислам дека имам големо чело“.

„Навистина не знаев што се случува“, раскажала 40 годишната професорка по технологија, Кели Кабралес, една од жените која учествувала во рекламата. „Ме замолија да се опишам и да користам природни термини“.

Истиот ден, пред скицирањето, жените поминале некое време со луѓе кои не ги познаваат, иако и двете страни не знаеле зашто. Тие луѓе ги опишувале истите жени како тие ги доживеле – а уметникот Замори повторно цртал – овој пат цртежите значително се разликувале. Мотото на оваа кампања е „Поубава си отколку што мислиш“.

Иако кампањата има комерцијални цели сепак пораката која ја праќа е прекрасна. Кабралес признала дека била построга кон себе и својот изглед отколку што тоа требало ,, како да ја спречам својата ќерка да падне во замката на претерано себе критикување – е прашањето кое таа си го поставила

Во галеријата можете да видите колкава е разликата: првата слика е она што жените го виделе на себе, а веднаш потоа и скицата на основ на описот на другите луѓе.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1