Во петок истекува рокот обвинителството да поднесе формално обвинение за уапсените за убиството на 5 мината кај Смилковското езеро во близина на Радишани.
Доколку до петок не биде поднесено обвинението, притворените ќе мора да бидат пуштени на слобода. Од обвинителството тврдат дека имаат доволно докази за обвинение, а пред некој ден сведочеше и заштитениот сведок, но според фокус кој се повикува на свои извори тој не е директен очевидец туку на локацијата бил неколку часа пред убиството и не видел ништо.
Повикувајќи се на свои неименувани судски извори Фокус пишува дека заштитениот сведок кај Смилковското Езеро бил 3 до 4 часа пред убиството на локацијата и не се работи за жена, како претходно се шпекулираше.
Одбраната на обвинетите очекува осомничените да излезат на слобода бидејќи како што велат обвинителството нема докази за кривично да ги гони.