Вистинско заладување ја очекува Македонија од среда. Во вторник времето ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и ќе има постепено разведрување.
Ќе дува засилен северен и северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 35 километри на час, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12 до 18 степени целзиусови, а максималните дневни температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 14 до 23 степени целзиусови, пренсува weather4all.com.mk.
Од среда не очекуваат студени утра со ниски утрински температури, но и стабилно време.
Во среда по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и свежо. Слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 3 до 11 целзиусови степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 27 целзиусови степени.
Студено утро не очекува и во четврток со утрински температури од 2 до 10 целзиусови степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 километри на час. Дневните температури ќе се движат од 17 до 26 целзиусови степени.
Во петок во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 4 до 12 целзиусови степени, а максималните дневни температури ќе се движат од 17 до 26 целзиусови степени.
Стабилното време без врнежи од дожд но и постудено ќе продолжи и во деновите од викендот.