Доаѓа циклонот „Ален” – Носи невреме па дури и снег во Македонија


Под влијание на нов циклон кој ќе го носи името Ален во текот на викендот кој ни доаѓа ќе го зафати балканот но и Македонија и ќе услови врнежи од дожд, локални грмежи како и локално позначително количество на воден талог. На планинските места ширум балканот ќе има и снежни врнежи каде ќе дојде дури и до формирање на снежна покривка, анализира Славчо Поповски.

Одсега гледано овој постуден воздух кај нас ќе пристигне на самиот почеток од следната недела и ќе услови позначително заладување како и врнежи од снег на повисоките места и на планините но и засилен ветер од северен правец. Доколку токму оваа ситуација остане вака и не се промени следната недела нашата држава и балканот ќе го зафатат ниски минуски утрински температури кога ќе има услови и за појава на мраз кој и тоа како лошо ќе влијае врз земјоделите и земјоделските кутури.

Ситуацијата околу студениот бран континуирано ќе ја следиме и за се навремено ќе бидете информирани од наша страна, најнови информации околу ова следуваат наскоро.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1