Вода, вода и – вода!
Една од најважните причини поради која ви е тешко во утрото после пиење, е дехидрацијата. Значи на организмот му недостасува вода и треба под итно да се надополни! Колку порано ќе почнете да пиете вода, толку побрзо ќе ви биде подобро. Најдобро решение е, во текот на консумирањето алкохол, да ги пресечете турите со неколку голтки вода.
Сок од домати – да, грејпфрут – не
Додека вие уживате во разни пијалоци, вашиот организам ги троши резервите на витамини, како А, Б ( особено Б-6)и Ц. Недостатокот на витамини е причината поради која се чувствувате како некој да ве исцедил, исцрпено. Овие неопходни состојки надополнете ги со пиење на сок од портокал, домати или енергетски пијалоци за спортисти, кои се богати со хранливи состојки. Но запаметете – не консумирајте сок од грејпфрут! Тој само ќе ја зголеми мачнината, а многу веројатно дека повторно ќе мора да ја гушкате ВЦ-школката.
Растегнете ги мускулите!
Тука не се мисли на трчање, или вежбање во вежбалница, зашто за тоа веројатно нема да сте способни, но некои лесни, едноставни вежби, може да бидат од голема корист. Движењето ќе му помогне на вашето тело да ги исфрли од себе штетните состојки што сте ги внеле претходната вечер.