ДОГОВОР НЕМА: СДСМ против Пржино, не сака избори


Преговорите кои траеја повеќе часа во резиденцијата на ЕУ во Пржино завршија неуспешно, односно СДСМ рече дека нема да оди на избори на 24 април, доколку, според нивните барања, не се исчисти избирачкиот список

Услови за одржување избори на 24 април постојат, истакна премиерот Никола Груевски после вечерашните преговори во резиденцијата на ЕУ во Пржино, кои завршија без согласност од сите партии за договорениот датум во април за одржување избори. Опозициската СДСМ застана против датумот 24 април како ден за предвремени парламентарни избори во Македонија.GRUEVSKI322

Премиерот Груевски рече дека трите партии (ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА)  постигнале договор за одржување на избори и, како што нагласи: Единствено еден човек, кој се вика Зоран, а презиме Заев, не сакаше да има избори.

– Тој единствено што бараше е одложување на изборите. Денеска не се говореше за никаква методологија за прочистување на избирачкиот список, ниту за медиумите. Единствено за одложување на терминот за избори. Тој знае дека прочистувањето на избирачкиот список може да се направи за многу кратко. Зоран Заев знае дека само во криза тој е актуелен. Кога нема криза не е актуелен – истакна Груевски.

Премиерот беше категоричен дека можат да се одржат избори на 24 април.

– Дека се можни избори на 24 април потврди и комесарот Хан и Европската унија и ОБСЕ и ОДИХР. За понатамошните чекори дополнително ќе информираме откако ќе направиме консултација – рече Груевски.

На новинарско прашање дали оставката сè уште важи, тој рече дека таа е депoнирана и дека ќе биде активна на 100 дена пред изборите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1