Груевски: Заев сака да ја одржи кризата во Македонија


Денеска сите дојдовме со намера да има преговори, а само еден човек дојде со намера да ги одложи избори. Трите политички партии се договоривме за датумот на изборите, а само Зоран Заев се противи на нивното одржување на 24 април, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.gruevski 44

Тој единствено што бараше е одложување на изборите. Денеска не се говореше за никаква методологија за прочистување на избирачкиот список, ниту за медиумите. Единствено за одложување на терминот за избори. Тој знае дека прочистувањето на избирачкиот список може да се направи за многу кратко. Зоран Заев знае дека само во криза тој е актуелен. Кога нема криза не е актуелен, истакна Груевски.

Според него, лидерот на СДСМ, Зоран Заев има лични причини кои само тој ги знае да ја оддржи кризата во Македонија и да ги одложи изборите. Груевски најави дека ќе се продолжи со нови консултации и дека ќе се извести за понатамошното дејствување.

На прашањето дали неговата оставка уште важи, рече таа е депонирана и ќе се активира на сто дена пред избори.
Според него, преседателот на ДИК го известил еврокомесарот Јоханес Хан дека не постојат пречки за да се одржат избори на 24 април.

Премиерот беше категоричен дека можат да се одржат избори на 24 април.

– Дека се можни избори на 24 април потврди и комесарот Хан и Европската унија и ОБСЕ и ОДИХР. За понатамошните чекори дополнително ќе информираме откако ќе направиме консултација – рече Груевски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1