Договорено : Бранко Црвенковски си оди – зар !?


branko-crvenkovski1

Ете си заминувам !- Така рекол Црвенковски , на последната тајна средба со најтесниот круг на СДСМ. Само да не е патка или да не се предомисли, е ехото од партијата,затоа што тоа знае тој да го прави. Се тоа треба да се искрчка до конгресот. Веројатно како што дознава локално.мк би требало да биде во Јуни. За Мај било рано.

На последната тајна средба кај БЦ, за локално.мк велат дека Црвенковски рекол дека си заминува но партијата не сака да ја остави без лидер, иако немал намера некого да поддржи.
Исклучените се исклучени од партија и тие не се во игра , тие можат да си прават партија со тие кои им ветиле дека финасиски ќе ги помогнат,а за сите кои се амбицираат од и со СДСМ може да се запишат на списокот.

pendarovski2-570x272

Тука се имињата на Радмила Шеќеринска или Зоран Заев, Стево Пендаровски и Зоран Јовановски кој рекол дека сака да размисли . На средбата не бил Заев ама неговиот став е познат, тој нема да се трка со Шеќеринска, но со сите останати да ,до колку таа не се кандидира.

Големо незадоволство има од крилото на Наташа Савова и Јани Макрадули кои сакаат да го запишат Игор Ивановски како дел од старото членстов наспроти „новодојденците“

На списокот многу е извесно да се запише Стево Пендаровски. Тој имал дилеми за работа со базите но нема проблем со добар дел од скопското лоби кое игра за него.

kire

Од јавно декларираните кои бараат заминување на Црвенковски прв се изјасни неговиот поранешен соработник и советник Кире Наумов.

Тој прв се повлече од позицијата директор на Агенцијата за разузнавање, од дружбата со Црвенковски , иако тој беше и член на ЦО на СДСМ од 1998 до 2002.

Подетално на – Локално.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1