Договорено: Ќе куртулиме од роаминг во регионот


Регулаторите од Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Турција на состанок во Скопје се договориле од следната година да се укине роамингот меѓу овие земји, односно да се изедначат цените на телефонските разговори во домашниот и во роаминг сообраќајот, објавија српските медиуми.

smartphone-appleДоговорот треба да го потпишат ресорните министри на петте земји на состоанокот што ќе се одржи во Милочер на 29 септември.

„За спогодбата не е потребна согласност од операторите, бидејќи е договорено дека земјите-потписнички ќе ги дополнат своите закони за електронски комуникации со решенијата предвидени од оваа спогодба“, вели директорот на Агенцијата за електронски комуникации на Црна Гора Зоран Секулиќ.

Во тој случај, објаснува тој, регулаторите имаат право да им наложат на операторите да го усогласат својот ценовник со колегите од земјите-потписнички.

Секулиќ веќе разговарал за идејата со црногорските оператори, кои не биле воодушевени од иницијативата.

2808zoranНо, регулаторните агенции се согласиле дека изедначувањето на цените на разговорите во роамингот и домашниот сообраќај е неминовен процес и неопходно е да се пронајде модел за негова реализација.

Иницијативата била предложена од Македонија, Србија и Црна Гора, кои како земји-кандидатки за членство во ЕУ бараа да бидат вклучени во сличниот процес во ЕУ, односно нивните граѓани да добијат можност да зборуваат без роаминг во земјите-членки на Унијата. Но, овој предлог Брисел не го прифати.

За новата, регионална иницијатива не е потребно одобрение од ЕУ.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1