ЗОО Фест забава во скопската Зоолошка градина и оваа Сабота!


Детскиот ЗОО Фест 2014 Ве поканува на уште едно саботното дружење со животните во Зоолошката градина!

Детскиот фестивал кој во текот на целото лето понуди многу едукација, танцување, пеење и забава, во својот втор серијал ги кани сите деца на дружење во нашата џунгла. Забавата започннува во 11:00 часот, и ќе трае се до 13:00 часот. ”zoo3

Детскиот ЗОО фест е креативен концепт кој во себе вклучува пеење, забава, но и многу едукација. Двочасовната забава во импровизираната џунгла вклучува учење модерни танци со танцовиот клуб „Сонриса”, концерт на децата ѕвезди од „Поточиња” и едукативно катче со „Се за Роденден” каде се откриваат таленти и се учат интересни факти за животните низ играње интересни друштвени игри.

Детскиот Зоо Фест веќе традиционално се одржува секоја Сабота со почеток во 11:00 часот. Овој серијал изданија ќе трае се до средината на Октомври.

Еве како мина минатата сабота

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1