Скандал: Коските на борците од НОБ фрлени околу ридот над Кичево (ФОТО+ВИДЕО)


На Борците од НОБ не само што се заборави, туку не се оставаат и во мир да почиваат.

Некој го скршил катанецот и провалил во спомен костурницата на Китино кале над Кичево каде се положени останките од околу 500 борци и ги расфрлал по калето.

Моштите биле сместени во лимени кутии, но кога отишле делегации да положат цвеќе за 8 ми септември, начекале расфрлани черепи и коски на сите страни.Screenshot_72-572x320

Немало никаква реакција, се положило цвеќето како и ништо да не се случува, а следниот ден некој ги имаше собрано черепите и коските во вреќи, ги вратил во костурницата, а вратата е заварена.

И досега имаше појава на демолирање и уништување на спомениците на борците, обезвреднување на нивната улога во создавањето на македонската држава.

Кичевчани се сеќаваат дека порано целиот овој простор бил уреден, посаден со цвеќиња, чешми, клупи, фонтана… Денес тука нема ни осветлување.

Три бисти на паднати борци и народни херои од НОБ веќе две години се исчезнати од постаментите во Алејата на хероите во Кичево.

A1on.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1