Уапсени сопствениците на месната индустрија „Лијановиќ“


Во голема акција на Државната агенција за истрага и заштита во БиХ,  беа приведени сопствениците на месната индустрија Лијановиќ. Полицијата во акцијата „Месо“ уапси 14 луѓе меѓу кои и двајца министри во Владата на Федерацијата БиХ и еден пратеник. Уапсени се вицепремиерот и министер за земјоделство Јерко Иванковиќ Лијановиќ, сопственик на фабриката Лијанович, неговиот брат – пратеникот  во федералниот Парламент, Младен Иванковиќ Лијановиќ и ентитетскиот министер за трговија Милорад Бахиљ. Меѓу уапсените се и двајцата браќа Иванковиќ Лијановиќ, Славо и Јозо, кои ја водат семејната месна индустрија која се наоѓа во Широк Брег. Сите се осомничени за организиран криминал, затајување на данок и перење пари преку фиктивен увоз на месо наменето за преработка, со што буџетот го оштетиле за околу 6 милиони евра.  lijanovic
– Со преземените истражни активности, утврдено е дека осомничените од овој случај, со својата незаконска работа се здобиле со против правна имотна корист во висина од 11,6 милиони конвертибилни марки, вели Кристина Јозиќ – полициска службеничка.
– Обвинителството собра докази за  основање и затворање на фиктивни фирми кои се занимавале со увоз и производство на месо  и месни преработки, по што претпријатијата биле фиктивно затворани. Останувале големи даночни долгови, вели Борис Грубешиќ – Портпарол на обвинителството на БиХ.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1