Тој покажал дека Еци, 160 сантиметри висок, околу 50 килограми тежок и 45 години стар маж, кој живеел пред 5.300 години, бил нетолерантен на лактоза, имал нулта крвна група, и дека во неговите остатоци има нонхоминидни, односно нечовечки генетски секвенци.
Доколку помисливте дека тоа е доказ дека Еци има вонземјанско потекло, се излажавте. Станува збор за таканаречен “метагеном” и тој укажува на присуството на микроби во неговото ткиво. Анализирајќи ги податоците од овој метагеном, истражувачкиот тим EURAC, предводен од Френк Максинер, установил дека станува збор за патогената бактерија “Treponema Denticola” која обично живее во устата и предизвикува парадентопатија, односно заболување познато како парадентоза.
Тоа што Еци пател од парадентоза, како и голем дел од неговите денешни врсници, не изненадува премногу. Тоа што изненадува е присуството на бактеријата во устата и во карличната коска. Бактеријата таму стигнала преку крвотокот, што укажува на тоа дека човекот од леденото доба пател од силен облик на воспаление на лигаментите и коските на вилицата, што било потврдено и со биопсијата на мал дел од ова ткиво и со анализа на остаток од плунката.
Резултатите од биопсијата и секвенционирањето на геномот на Еци биле објавени минатиот месец, во научното списание PloS ONE.