Генетски модифицираната храна доведува до разни инфекции, неплодност и прекумерна дебелина.
Австралиски научници спровеле истражување во САД со кое го докажале горенаведеното и ги срушиле митовите дека ГМО храната е воопшто корисна за човечкиот организам. Тие добиле навистина шокантни резултати при истражувањето кое било извршено на фарма за свињи каде животните биле хранети со ГМО храна.
Резултатите покажале дека свињите од фармата страдале да пати повеќе од цревни инфекции и проблеми со уринарниот тракт, од оние свињи кои се хранат со вообичаена храна.
Тие имале инфекции на тенкото црево, чиреви и истенчувања на неговиот ѕид и крварење. ГМО храната предизвикала промени и во дебелината, каде свињите се здебелиле исто така два пати повеќе од оние кои биле хранети правилно.
Причината за спроведување на истражувањето биле жалбите на фармерите дека свињите се често болни и нивната смртност е зголемена, а исто така и бидејќи се почесто свињите биле неплодни и доживувале спонтани абортуси или раѓале прасиња со дефекти.
Причинителот на сите овие проблеми кои биле воспоставени кај свињите биле генетски модифицирани протеини кои се создавале од консумирање на генетски модифицираната храна.