Доктор Ендрју Њуберг, од болницата Томас Џеферсон во Филаделфија, веќе 20 години го проучува ефектот на молитвата на мозокот на своите пациенти и смета дека молитвата не е лек за рак, но дека може да биде многу корисно помагало на науката при лекувањето заболени од оваа болест.
– Од десната страна се наоѓа мозок на лице кое мирува и има значително поцрвена боја во однос на мозокот на лицето кое се моли, објасни доктор Њуберг, покажувајќи ги снимките на неговиот мобилен телефон.
Овие промени, тврди Њуберг се сигурни знаци дека молитвата има некоја исцелителна моќ.
– Од научна страна ги следиме овие промени во вид на различни мозочни активности, како и промени на хемиските соединенија кои се наоѓаат во мозокот, објасни Њуберг.
Тој нагласи дека мозокот е најважен орган во човечкото тело, затоа што го контролира, дишењето, работата на срцето, крвниот притисок, па на овој начин ефектите на молитвата можат да се пренесат на целото тело, а како краен резултат може да има лековити ефекти.
Сепак, скептиците тврдат дека тие промени немаат никакво лековито дејство, а и да има, дека не постои доказ дека се ефекти од молитвата.
– Вашиот мозок реагира и кога јадете чоколадо, посреќни сте, скептичен е доктор, Ричард Слоан.
Тој исто така објасни дека религијата дава утеха на пациентите во стресни ситуации и предупреди дека не треба да се потпираат на верата како некој „семоќен вселенски лек“.
Од друга страна, Њуберг смета дека религијата и медицината треба да соработуваат.
– Ние сме свесни дека религијата не е лек за рак и дека нема да го излечи пациентот од болно срце, но можеме да им советуваме на верниците да се молат за да се чувствуваат подобро, изјави Њуберг.