Фото: Погледнете во новиот тунел на автопатот Демир Капија – Смоквица


Градежните работи на автопатската делница Демир Капија – Смоквица се до половина завршени. Оваа делница е во вкупна должина од 28,18 километри и за 8 километри ќе го скрати патувањето до Гевгелија. Заклучно со крајот на 2014 година ќе бидат реализирани 52,72% од градежните работи. Пробиени се двата тунела од по 1200 метри и се работи на финалниот изглед преку изолирање, дренирање и бетонирање, пишува Економски.мк.

r1

економски.мк

Се градат 6 мостови, 7 подвозници и 5 надвозници и две клучки. Ова автопатско решение ќе биде со по две ленти со широчина од по 3,5 метри секоја од нив.

економски.мк

економски.мк

Делницата ќе биде готова во 2016 година. На изградбата на делница работат околу 1000 работници. Жителите од овој регион на земјава велат дека платите изнесувата околу 20.000 денари.

економски.мк

економски.мк

Делницата ја гради грчката фирма Актор, ќе чини 210 милиони евра, 45 милиони се од европските фондови, 6 милиони од буџетот, а останатите кредити од Европската инвестициска и Европската банка за обнова и развој.

Повеќе фото на – Економски.мк.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1