Од утре доаѓа снег и голем студ – какво време не очекува за викендот


Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно. Попладне продор на студена и влажна воздушна маса која ќе услови пад на температурите и врнежи од дожд и снег. Врнежи од снег се очекуваат над 800 метри, кои во текот на ноќта ќе се спуштат и во пониските предели. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од -4°C до 2°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 3°C односно до 9°C.

sneg

Врнежи од снег во текот на ноќта петок кон сабота

Во сабота во утринските часови врнежите ќе престануваат. По леденото утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, студено и ветровито. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели засилен североисточен ветер. Попладне ветерот ќе слабее и ќе го променува својот правец. Утринските температури ќе се движат од -7°C до -1°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 0°C односно до 6°C.

Очекувани минимални температури во сабота наутро

Во недела во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд и дожд и снег, а на ридско-планинските предели и на планините над 500 метри со врнежи од снег.  Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 50 км/ч. Утринските температури од -6°C до 0°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 1°C односно до 7°C.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1