Докторите и кажаа дека никогаш нема да роди – има 10 деца (Фото)


1family10

Денес е опркужена со нејзините десет деца, иако пред многу години, докторите и кажаа дека никогаш нема да роди.

Британката Катрина Јанг и нејзиниот сопруг Роберт две години се обидувале да основаат семејство, но безуспешно.

Кога имала 17 години докторите и кажале дека  има полицистични јајнци и поради тоа е стерилна. Но, таа докажа дека тие грешат, и тоа десет пати.

Никита е најновиот член на големото среќно семејство, Јанг.

Таа е 17 години помлада, од најстариот Нико.

family10

По него е 14-годишниот Јани, па две години помладата Аланис, 11-годишниот Јанис, деветгодишната Електра, осумгодишниот Алексиј, само една година подоцна доаѓа Беницио, а меѓу најмалите се петгодишната Калика и двегодишната Атина.

Катирна на 16 години го запознала својот сопруг, а следната година се венчале. По две години болка и тага му посакале добредојде на првото дете.

Големото семејство живее до куќа со четири спални во Скарбур, а за превоз користат комбе со 15 седишта.

И иако има дури десет деца, 36-годишната мајка вели дека сака уште.

Извор: Нетпрес

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1