Пронајдени делови од метеорот што падна во Русија


Руските научници тврдат дека пронашле делови од метеорот кој што во петокот се урна во близина на замрзнатото езеро крај градот Чебаркула, јавува Би Би Си.

METEORИако првично се претпоставуваше дека парчињата од вселенското тело паднале во езерото, но по дводневната потрага нуркачите таму не пронајдоа ништо.

Според руските научници метеорот во себе содржел 10 проценти железо.

– Тукушто ја завршивме студијата.  Врз основа на честичките што ги пронајдовме можеме да потврдиме дека навистина станува збор за метеор. Тоа е обичен каменест метеорит кој содржи десет проценти железо. Најверојатно ќе го наречеме Чебаркул метеорит, рекол научникот Виктор Гроховски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1