Докторите со натчовечки напори за санирање на настраданите од Куманово


Целосна мобилизација на докторите во клиничките болници.

Информациите кои пристигнуваат се дека во текот на вчерашниот ден докторите кои биле присутни во Куманово заедно со специјалните единици влегувале да ги санираат повредите на терен.

kliniki- brza pomos urgenten

Дополнително во скопските клиники докторите подготвени ги дочекуваа повредените од Куманово. Тие практично даваат натчовечки напори и се борат за секој живот на полицајците.

Повеќето од нив се на работа по сопствена иницијатива и со над 30 часови ефективна работа се грижат за повредените. На скопските клиники можеа да се забележат најеминентите доктори како работат на санирање на повредите.

Исклучително висока мотивираност може да се забележи кај целиот медицински персонал вклучително медицинскиот технички персонал кој рамо до рамо со докторите асистираа при медицинските интервенции.

Секој повреден полицаец околу себе има мобилна медицинска екипа која врши постојан надзор врз пациентот.

Kurir.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1