Дома кажал дека е добро после експлозијата на аеродром, па загинал во нападот на метрото


Еден Британец му рекол на своето семејство дека е жив и здрав после експлозијата на бриселскиот аеродром, а малку подоцна загинал во бомбашкиот напад на метро станицата во Брисел.

Дејвид Диксон (51) не ни знаел за експлозијата на аеродромот, сè додека загрижена роднина од Британија не му испратила СМС порака во која го прашала дали е добро. Тој ја уверил дека со него сè е во ред, а потоа се упатил кон метро станицата Мелбек.02-dejvid-dikson-4

Таму заедно со уште дваесет луѓе го изгубил животот во новата експлозија која ја предизвикал еден бомбаш самоубиец, пишува „The Guardian”.

Диксон живеел и работел во Брисел како експерт за развој на софтвери и речиси секој ден одел на работа со метро.

Неговото семејство и пријатели после три дена чекање добиле потврда за неговата смрт.

„Ова утро ги добивме најстрашните вести за нашиот мил и сакан Дејвид. Во овие денови на болка, нашето семејство би било благодарно ако не` оставите да жалиме во приватност“, навело неговото ожалостено семејство во соопштение.

Пред околу 10 години Дејвид се преселил во Брисел со неговата партнерка. Вестите за неговото исчезнување брзо се прошириле и стигнале и до неговиот роден град Њукесл.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1