Променливо облачно со температура до 14 степени


Времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот, односно кон недела изутрина во западните делови ќе има зголемување на облачноста и услови за слаб локален дожд, а на планините за слаб локален снег.

Foto - flickr.com

Foto – flickr.com

Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од седум до 14 степени.

Во Скопје слично време, облачно со умерен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени сончеви периоди, но ќе има и постепено негово стабилизирање, односно температурата ќе биде во постепен пораст.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1