Вознемирувачко фото: Дете спасено од сигурна смрт, нападнато од кучиња во Сараево


На улица во Сараево кучиња скитници нападнале петгодишно момче. Нападот го видел неговиот татко, кој за среќа бил во близина, па го спасил од сигурн смрт. Раните на телото на детето се сериозни,а тоа го докажуваат медицинските прегледи и фотографиите. Кучињата го гризале детето по главата, рацете и нозете.napad-pasa-lutalica-640x420

– Мојот син има голeми болки, чувствува страв поради кој не може да заспие. Често има кошмари и се буди во страв. Му помагав на еден пријател околу куќата кога дотрчаа кучињата. Среќа бев во близина и успеав да го спасам синот од канџите на тие скитници. Но, ѕверовите беа брзи и го изгризаа на повеќе места. Немилиот настан се случи на 16. март, а после 6 дена кучињата беа фатени и однесени стационар, – изјавил таткото на детето за „Faktor“.

Поради тоа, таткото на момчето најмил адвокат да поднесе тужба против кантоналните институции.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1