Домаќинствата нема да бидат казнувани ако ангажираат нерегистриран молер


Со членот 6 од Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, се наведуваат и одредените исклучоци, па така домаќинствата покрај што не треба да се плашат ако повикаат сосед да им заврши некоја занаетска работа, нема да плаќаат ниту ако ангажираат нерегистриран молер, на пример, порачува Министерството за труд и социјала.

Труд и социјала вели дека домаќинствата се исклучени во казнените одредби на овој закон.moleri majstor

„Согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, поточно со  членот  6  се дефинира кои активности  на физичките и правните лица се сметаат за нерегистрирана дејност, но се определуваат и исклучоците од активности на физичките и правните лица кои се не сметаат за вршење на нерегистрирана дејност. Еден од исклучоците согласно ставот 7 од членот 6 е дека нема да се смета за вршење на нерегистрирана дејност и услуга извршена за потребите во домаќинството.Согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, за нерегистрирана дејност нема да се смета ако физичко лице го повикаат молерот во домаќинството, додека ако правно лице го ангажира молерот,  молерот мора да има регистрирано претпријатие или ако се вршат работи кои се надвор од дејност на правното лице (молерисување) мора да има склучено договор со молерот за самостојно извршување на определена физичка или интелектуална работа“, се вели во дописот од Министерството за труд и социјала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1