ВИДЕО: Како изгледаше драматичното слетување на Боингот 747 без тркало


Авионот „Вирџин Aтлантик“ кој денеска кружеше над Лондон бидејќи не можеше да извлече ниту едно тркало, успеал да се приземји на аеродромот Гетвик крај британската престолнина. Слетувањето било драматично. Боингот 747 најпрво ударил со тркалата на пистата, а потоа под нагиб успеал да се запре.

avion sletuvanje

За среќа, никој не е повреден. Да потсетиме, Боингот 747 на оваа компанија беспомошно кружеше над југоисточна Англија откако му откажало десното тркало при полетувањето. Летот ВС43 од Лондон за Лас Вегас кружел над Лондон додека експерти се обидувале да пронајдат начин како Боингот 747 сигурно да се приземји без едно тркало.

Портпаролот на аеродромот Гетвик кратко потврдил дека авионот се враќал на полетувалиштето поради „мал технички проблем“. На аеродромот околу 20 возила на итна помош го чекале авионот, но за среќа немало потреба за интервенција.

Погледнето го драматичното слетување:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1