Домашен лек за холестерол


Малкумина знаат дека холестеролот всушност е природен липид и дека е неопходен за организамот. Сепак, кога холестеролот ќе излезе надвор од границите на нормалата односно не е во рамнотежа, тој создава здравствени проблеми.

kolesterol4Претерани количини на холестерол може да ги оптеретат клетките кои се грижат тој да се транспортира низ метаболизамот. Најчувствителните клетки на зголеменото ниво на холестерол се оние во ѕидовите на крвните садови кои се нарекуваат ендотелијални клетки. Поради тоа, холестерол е познат како еден од главните ризик фактори на кардиоваскуларните болести.

Еве еден рецепт со природен лек кој помага да се одржи нивото на здрав холестерол.

Исчистете 30 чешниња лук и измијте 5 лимони кои заедно со кората ќе ги исечете на помали парчиња. Сето заедно ставете го во блендер или измелете го во машина за месо. Потоа, во тенџере, додадете еден литар вода и ставете ги лимоните и лукот да зовријат. Кога водата со мешавината ќе зоврие, тргнете го од оган и топлата течност процедете ја низ цедалка. Оставете ја течноста да се исцеди а потоа со инка пресипете ја во шише и ставете ја во фрижидер. Овој природен лек за холестеролот земајте го пред или по јадење еднаш дневно во количина колку чашка за ракија. По третманот, кој трае три недели направете пауза од осум дена, а потоа започнете го вториот циклус од три недели.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1