Тројца членови на едно семејство се хоспитализирани во болница откако биле нападнати од нивната домашна мачка, меѓу нив и едно дете, пренесе „Хуфингтон пост“.
-Нашата мачка никогаш не беше агресивна. Никогаш не беше лоша. Одеднаш само „полуде“ , изјави нападнатиот сопствени на мачката.
Семејството нападнато од нивната домашна мачка , било „спасено“ од лудото домашно милениче од страна на пожарникарите. 10 годишно момче има огромни гребаници по телото кога мачката скокнала на него и почнала да го гребе безмилосно.
Мачката е однесена во прифатилиште за животно. Семејството е во шок и засега не е познато дали ќе сакаат да ја задржат мачката.