Две кучиња од расата ротвајлер кои имале сопственик нападнале мајка со две деца во кичевското село Другово, додека се движела на прошетка со децата.
Жената во објава на социјалните мрежи вели дека во петокот попладне, кучињата ненадејно почнале агресивно да лаат и да се приближуваат, по што таа го кренала помалото дете во раце и се обидела да го заштити и поголемото дете. Во нападот, според нејзиното сведоштво, едното куче го повлекло детето, кое паднало на бекатон, а потоа се појавило и второто куче.

,, JABEH АПЕЛИ БАРАНЕ ЗА ОДГОВОРНОСТ
На 22.05.2026 година, во с. Другово – Кичево, доживавме вистински хорор. Излегов со моите две малолетни деца на кратка прошетка, кога не нападнаа две агресивни црни
кучина (ротфалери). Прво почнаа да лаат. Во паника, помалото дете го кренав во раце, а со другата рака се обидував да го заштитам поголемото девоче и j криев зад мене. Во то момент едното куче ми го повлече малото дете од раце и тоа падна на бекатон. Додека се обидував да го спасам, се поави и другото куче, кое агресивно ме нападна, ми го фати за дуксерот и повторно ми го
повлече детето. Детето беше влечено по бекатонот и во еден момент до нас доде кола, изгасна колата и детето заврши буквално до предното тркалото речиси под автомобил. Со последни сили успеав да го извлечам, го зедов во раце и влегов во двор ка соседите за да се спасиме. Но, кучината
продолжиа да се вракаат по нас.
Исто така детето се здоби со телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Настрашно од се е што човекот ко ги чува кучината ладнокрвно одговори дека „не му е ништо” и не покажа никаква грижа, одговорност или човечност. Не праша ни како се децата, ни
што точно се случило.
Ово случа е приавен во МВР од страна на брата помош, дадена е изава од моа страна. Ова не го споделувам за да правам драма, туку затоа што денес беше моето дете — утре може да биде нечие друго. Барам одговорност и реакциа од надлежните институции. Нико не смее
да поминува низ ваков страв и тратма. Ве молам за поддршка, споделуване и обединуване како народ, за конечно да се стави кра на
вакви ситуации пред да биде предоцна,, се вели во објавата на социјалните мрежи.
Детето се здобило со телесни повреди, кои биле констатирани и санирани во Медицинскиот центар во Кичево. Случајот бил пријавен во МВР од страна на службата за брза помош, а мајката дала изјава во полициска станица.
Засега нема информации дали е постапено против сопственикот на кучињата и какви мерки ќе бидат преземени. Случајот повторно го отвора прашањето за контролата на опасни кучиња, одговорноста на сопствениците










