Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3


Граѓаните со возачка дозвола од „Б“ категорија за автомобил, од денеска имаат право да управуваат мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ со зафатнина на моторот од 125 м3 и чија сила на моторот не е поголема од 11 KW, откако стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Законските измени беа подготвени и поднесени од пратеничичката група на Движење ЗНАМ со поддршка на пратениците од мнозинството, а 8 април годинава беа изгласани со огромно мнозинство во Собранието. Во меѓувреме, траеја администеративните процедури за Правилникот подготвен од Министерството за внатрешни работи, со чие денешно објавување во Службен весник во сила се законските измени. 

Со законот се придвидува во Македонија возачот кој поседува возачка дозвола од Б категорија да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“ откако ќе наполни 23 години и поседува минимум 5 години важечка возачка дозвола од категорија „Б“ и поседува потврда за посета на 4 часовна теоретска обука.

Во Европската унија од 2006 година во сила е Директивата 2006/126/Е3 на Европскиот парламент и на Советот, каде е регулирано дека државите може да одобрат лицата кои имаат валидна возачка дозвола за „Б“ категорија, да можат да возат и мотоцикли од категоријата „А1“, а под таа категорија спаѓаат мотоцикли со зафатнина на цилиндрите не поголема од 125 см“, со моќност не поголема од 11 KW.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1