Дополнителна квота транспортни дозволи за камионџиите во земјава


обезбедени се дополнителни 300 универзални транспортни дозволи за возила со Еуро 3 и 100 транспортни дозволи за возила со Еуро 5 за Австрија.

На барање на Министерството за транспорт и врски обезбедени се повеќе од 1.000 нови транспортни дозволи за македонските превозници за вршење транспорт во повеќе земји со кои земјата остварува трговска размена.

На редовната годишна квота за 2012 година обезбедени се дополнителни 300 универзални транспортни дозволи за возила со Еуро 3 и 100 транспортни дозволи за возила со Еуро 5 за Австрија.
Од министерството велат дека обезбедени се и дополнителни 200 транспортни дозволи за превоз во и од трети земји за Србија, 200 транспортни дозволи за и од трети земји за Хрватска, како и 150 транспортни дозволи за и од трети земји за Словенија.

Обезбедени се и дополнителни 50 билатерални транспортни дозволи и 150 транспортни дозволи за Турција. Дозволите се дополнување на редовната квота на транспортни дозволи за соодветните земји за 2012 година со нив се надминува евентуалниот недостиг на соодветни транспортни дозволи за македонските превозници со што се овозможува непречен превоз на стока од Република Македонија во овие земји.

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1