,,Пцуењето,, го зголемува стресот, но ја намалува болката


,,пцуењето,, е облик на агресија, посебно ако не е дел од секојдневниот речник па се вклучуваат инстинкти наменети за опасни ситуации поради што се зголемува и толеранцијата на болка.


Професорот Џефри Бауер заедно со доктор Кристофер Плејдел од Универзитетот за експериментална психологила во Бристол тврдат дека гласното исговарање на навредливи искази поттикнува реакција во центарот за емоции, односно предизвикува стрес.

За време на експериментот од волонтерите било побарано на глас да прочитаат зборови од три листи, при што на првата лиса биле пцовки, на втората еуфемизми за истите пцовки, а на третата неутрални зборови кои немаат никаква поврзаност со пцовките.

Невролошки гледано, читањето пцовки се покажалокако најстресна задача. Професорот Бауерс објаснува дека табу фразите предизвикуваат емоционални реакции, а звукот на истите директно е поврзан со автоматска реакција во центарот за емоции во мозокот.


На истражувачите им било интересно тоа што изговарањето на пцовки предизвикува стрес на длабоко когнитивно ниво, бидејќи отвора нови прашања за влијанието на говорот.

Истовремено, ова истражување се спротивставува на популарното верување дека ,,пцуењето,, е корисно за менталното здравје.
Од друга страна пак, ,,пцуењето,, после некој пад или удар научниците сметаат дека ефикасно ја намалува болката.

Истражувачите од британскиот Универзитет го забележале необичното делување на пцуењето и тоа посебно кај луѓето кои обично немаат навика да пцујат.

Доктор Ричард Стивенс заедно со другите научници го спровеле експериментот со студенти на кои претходно им било кажано да ги потопат рацете во канти со студена вода и да кажуваат пцовки. Потоа експериментот бил повторен, а студентите изговарале обични зборови.

Резултатите покажале дека студентите можат подолго време да ги држат рацете во студената вода додека изговараат сочни пцовки за разлика од обидот кога изговараат обични зборови.

Научниците сметаат дека со тоа докажале оти ,,пцуењето,, ја зголемува толеранцијата на болка.
Кај волонтерите кои немале навика да пцујат, тоа за дури четири пати подобро делувало на ублажувањето на болката.

Ваквото делување стручните лица го објаснуваат со тоа дека ,,пцуењето,, е облик на агресија, посебно ако не е дел од секојдневниот речник па се вклучуваат инстинкти наменети за опасни ситуации поради што се зголемува и толеранцијата на болка.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1