Допрва ќе не бодат и газат – си возат по едносмерни, свират, хаос – Сити Мол ни е кошмар


До редакцијата на Mknews пристигна писмо од револтирана жителка на населбата Карпош 4. Ви го пренесуваме во целост

ДРАГИ ИНСТИТУЦИИ  топрва ќе не бодат и топрва ќе има сообраќајки, прегазени луѓе и не дај боже жртви, а за нервозата и стресот кој им го сервиравте на жителите на Карпош 4 и да не зборуваме. 

Направија огромен трговски центар а заборавија да помислат на улиците, паркинзите и приодот до нив.

Скопје Сити Мод прерасна во вистинска главоболка и секојдневна нервоза за жителите на Карпош 4. Секој ден неможат да си стасаат дома од работа бидејќи малата улица пред трговскиот е закрчена од автомобили кои чекаат ред да влезат во гаражата. Токму така главниот влез во гаражата на трговскиот е од фреквентната улица и една лента постојано е закрчена од автомобили. Ако сакаш од Партизанска да се вклучиш на оваа улица е буквално невозможна мисија.

sity mall

Но и тоа не е се. Паркингот почна да се наплаќа и ете ти нова мака за жителите на оваа населба. На и така претесните паркинзи еден куп гости кои си дошле во трговскиот. Не бираат каде и како ќе паркираат. А на станарите им останува да вртат со часови околу населбата како би нашле паркинг.

Но како и тоа да не беше доволно !!!

Улиците во Карпош 4 се едносмерни, но на гостите во трговскиот изгледа не им се врти па на возачите од оваа населба секој ден возењето им е како руски рулет. Мораат да имаат 6 очи отворени за некоја ,,будала,, да не му текнало да си влезе во едносмерна улица.

Истото се случи и вчера кога во расправија токму на едносмерна улица било избодено 20 годишно момче.

ДРАГИ ИНСТИТУЦИИ  допрва ќе не бодат и топрва ќе има сообраќајки, прегазени луѓе и не дај боже жртви, а за нервозата и стресот кој им го сервиравте на жителите на Карпош 4 и да не зборуваме.

Покажете дека си ја работите работата – трговскиот центар има и влез од другата страна – каде има тазе ново направен булевар.. Натерајте ги да овој влез го направат или само излез или да го затворат. Инаку сите овие инциденти, газења, сообраќајки и слично вам ви одат на душа!!!!!!! 

Револтирана жителка на Карпош 4

Возеле во еднонасочна – Го прободеле со нож и побегнале: Детали за тепачката пред Сити Мол!

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1