Досега доделени 680 социјални станови, проектот продолжува


Продолжува изградбата на социјални станови наменети за лица од социјално ранливи категории.

Направен е голем прогрес во изградбата и доделување на социјалните станови. Досега се доделени 680 социјални станови за семејства од социјално ранливи категории, а 123 се во фаза на градба во две населени места. Наскоро ќе започне и градба на социјални станови во Гостивар. Вкупно со овие станови ќе бидат 800, истакна Груевски.stan 3233

Претседателот на владејачката партија потенцира дека од почетокот на следната година социјални станови ќе се градат и во четири други градови ширум Македонија.

Со нив околу 1000 станови, рече Груевски, ќе бидат предадени на луѓе кои не можат да дојдат до свое живеалиште на друг начин.

Во овој проект од голема важност е и тоа што се опфатени лицата излезени од дом за деца без родители и родителска грижа и во секоја изградена социјална зграда најмалку 10% од становите ќе бидат наменети за нив.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1