Синоќа околу 21 часот во Полициското одделение-Камењане, 55-годишниот М.Л. од Албанија, пријавил дека на 30 септември оваа година, утрината околу 7 часот, од дома во село Пирок, во непознат правец се оддалечил неговиот син 27-годишниот М.Ш.исто така од Албанија, кој со престојувал како гостин село Пирок.
Од полиција ги преземаат сите потребни мерки за да се пронајде лицето.