Во Македонија утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со пороен дожд, кој на места ќе биде обилен и проследен со грмежи и засилен ветер.
Температурата ќе се движи од 20 до 32 степени.
Во Скопје и околината ќе има слично време со температура до 30 степени.