Дожд од жаби, карпи што шетаат, штурец спие 17 години – најбизарни природни феномени


Списокот објавен на сајтот Science-uncovered.com, кој го пренесува Точка, содржи 10 невообичаени и бизарни природни феномени кои научниците се’ уште не ги објасниле.

najb-prir-fen-0110. Фосили на погрешни места

Човечките фосили и отпечатоци од стапала откриени на географски региони во кои по логика не треба да припаѓаат, веќе со децении ги мачат научниците. Некои понудиле нови, вредни информации за човечката историја, а за други на крајот се испоставило дека се измама.

Чарлс Досон, археолог аматер, во 1912 година тврдел дека открил скелет на Пилтдаунски човек, алка која наводно ги поврзува мајмуните и човекот. Меѓутоа, докажано е дека Досон бил измамник и дека пронајдениот човечки череп намерно го обоил за да изгледа постаро.

9. Штурец кој спие 17 години

Штурецот-адолесцент е способен да се разбуди од состојба слична на сон која трае 17 години. Тогаш излегува од своето скривалиште и тргнува во потрага по женка. Две недели подоцна умира, оставајќи нови инсекти зад себе.

Прашањето гласи: Како штурците знаат кога е време да излезат? Оваа година се видени на источниот брег на САД после точно 17 години.

najb-prir-fen-028. Камените топки на Костарика

Зошто жителите на Костарика одлучиле да извајат стотина џиновски топки од камен? Тоа и ден денеска е мистерија за научниците. Топките се откриени во 30-тите години, а некои од нив имаат пречник од 2 метри.

Не се знае кој ги направил и зошто, а шпанските доселеници ги уништиле сите евентуални записи за нив.

7. Зуење на ниски фреквенции

Мистериозното зуење на територијата на Бристол може да го чуе само 1 од 20 жители, а се’ уште не се знае од каде доаѓа. Сличен звук може да се слушне и на други места, како Нов Зеланд, каде експертите го припишуваат на брановите и индустриската бучава.

378347-frog6. Дожд од жаби во Србија

Ситни жаби паѓале од небото во Оџаци, Србија во 2005 година. Во јапонските градов Нанано и Хакусан во 2009 година се случила слична ситуација со полноглавци.

Одредени научници тврдат дека дождот од животни го предизвикуваат вртлозите и ветрите, но има и такви кои не се сигурни во ова објаснување.

5. Зуење на ниски фреквенции

Мистериозното зуење на територијата на Бристол може да го чуе само 1 од 20 жители, а се’ уште не се знае од каде доаѓа. Сличен звук може да се слушне и на други места, како Нов Зеланд, каде експертите го припишуваат на брановите и индустриската бучава.

najb-prir-fen-064. Карпите скитници од Долината на смртта

Во калифорнискиот национален парк Долина на смртта (Death Valley) карпите се придвижуваат по рамното исушено тло додека никој не гледа. Геолозите во 60-тите почнале да ги надгледуваат и утврдиле дека камењата за 7 години се придвижиле повеќе од 200 метри.

Додека една група научници за овој феномен ги „обвинува“ сеизмичките потреси, друга смета дека станува збор за силата на ветерот.

3. Огнени топки

Луѓето ширум светот пријавуваат дека на небото виделе огнени топки за време на бура, но се’ уште нема прецизно научно објаснување за оваа појава. Некои мислат дека станува збор за плазма, а некои дека е хемиска реакција.

Имало дури и извештаи во кои се споменува дека луѓето виделе огнени топи како удираат во прозорците или се спуштаат низ оџакот.


2. Сликите во пустината Наска

najb-prir-fen-08Во перуанската пустина Наска се видливи геоглифи, цртежи врежани во камена подлога. Разновидните геометриски облици и човеколиките фигури претставуваат неразјаснета тајна на далечното минато.

Претходните тврдења дека се работи за некој вид на астрономски календар се веќе надминати, а сега научниците се обидуваат да ја разрешат оваа мистерија, пред цртежите да исчезнат.

1. Светла кои се појавуваат во текот на земјотрес

Според споменатиот сајт, најбизарен природен феномен претставуваат светлата кои се појавуваат непосредно пред и за време на земјотрес.

earthquake-lights-thought-to-be-ufos-have-earthly-explanations-e1388879087234Долго време се мислело дека се само мит, но во 1966 година се појавил првиот конкретен доказ во вид на фотографии од земјотресот во Јапонија.

Светлата се појавуваат во различни облици и бои, од црвена, па се’ до жолта и сина. Можно е да ги предизвикува гас радон, или електричен набој каков што постои во кварцните карпи за време на придвижувањето на тектонските плочи.

Фридман Фројнд, физичар на НАСА, смета дека светлата ги емитуваат минерали кои содржат кислород и силикон. Електричните својства на минералите, смета тој, се менуваат за време на земјотресите.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1