Библијата на ѓаволот – не се знае кој е автор, а некогаш се сметала за 8 светско чудо (Фото)


codex gigas 1Кодексот „Gigas“ познат и како „Библијата на ѓаволот“, некогаш се сметаше за осмото чудо на светот. Книгата чини 165 фунти, а една од мистериите за оваа библија е кој е нејзиниот автор.

Џиновската книга е најголемиот преживеан средновековен ракопис во светот.

Таа исто така е позната како Библијата на ѓаволот, бидејќи има голема илустрација на ѓаволот од внатре и легендата околу неговото создавање.

Се смета дека е создадена во раниот 13-ти век во бенедиктински манастир во Бохемија (модерна Чешка).

Таа содржи историски докуметни напишани на латински јазик.

Во текот на триесетгодишната војна, во 1648 година, целата колекција беше земена од шведската армија како грабеж, а сега е вклучена во Националната библиотека на Шведска во Стокхлом.

CodexGigas_110_MinorProphets383px-Codex-Gigas-Devil-enhanced

CodexGigas_003_GenesisНевозможно би било да биде напишана од страна на само еден човек, но сепак неодамна истражен тим на научници, спонзориран од страна на „National Geographic“, откри наоди кои ја поддржуваат теоријата дека истата е дело на само еден човек.

Во текот на студијата, истражувачите открија дека книгата користи само еден тип на мастило, кое е направено од кршени инсекти.

Буквите на текстот се верува дека се дело од самоук, поради недостатокот на софистицираност.
Страниците наводно биле направени од кожа од 160 магариња. Ракописот вклучува илуминации во црвена, сина жолта зелена и златна боја.

Големите букви се детално осветлени, често низ целата страница. Природата на пишувањето е непроменета во текот, не се покажуваат знаци на старост, болест или расположение од страна на писарот.

Ова може да доведе до верување дека истата е напишана за многу кратко време, но научниците почнуваат да веруваат дека истата е направена во период од 20 години.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1