Изгоре дел од хотелот „Црешово топче“ во Пробиштип


Во Пробиштип изгоре дел од хотелот „Црешово топче“ што се наоѓа во центарот на градот. Во пожарот нема повредени.

pozar strumica - pozarnaОгнената стихија се случила околу 2 часот утрово. Пожарот почнал најпрво да се шири од кујната и зафатил дел од спратот и кровната конструкција на хотелот, јавува Миа.

Според првичните информации, во помош на пожарникарите од Пробиштип пристигнале и пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Штип.

Командирот на ТПЕ – Штип Кире Патраклиски вели дека пожарникарите се уште се во хотелот „Црешово топче“ во Пробиштип каде што се уште го догаснуваат пожарот.

Повеќе информации од надлежните институции за пожарот се најавени во текот на попладневните часови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1