Дознајте дали некој во светот личи на вас


Доколку на веб страната “I Look Like You” ја закачите вашата фотографија, сервисот за споредување на сите фотографии ќе ја пронајде личноста која изгледа како и вие.

Овој забавен сервис кој служи исклучиво за забава нуди и опција за прегледување на сличностите меѓу другите личности.

lik.jpg500

Па така, можете да видите за колку проценти две личности си личат, односно чиј изглед најмногу се поклопува со изгледот на славните личности.

Целата идеја се разви од приказната за сигурносните служби, кои го користат препознавањето на лица како помош при барањето на криминалците. Авторите на сервисот Вејн Адам и Кирк Џонсон одлучија да отворат веб страна во моментот кога корисниците ќе постават повеќе од 100 илјади фотографии.

Тоа и се случило, а на вас останува да проверите кој изгледа исто како и вие. Страната “I Look Like You” ви овозможува да ја закачите фотографијата и врз основа на неа да го пронајдете вашиот двојник.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1