ДПА во Чаир со кандидат за градоначалник кој вели дека Македонија е вештачка држава


Кошаркарот Мухамед Тачи е кандидатот со кој опозициската ДПА ќе се обиде да ја освои довербата на гласчите во општина Чаир. Станува збор за 31 годишен етнички Албанец кој во повеќе наврати излегуваше со повик до албанските спортисти да ги бојкотираат македонските национални селекции, а за Македонија велеше дека е “вештачка држава“

mujo-tachi-21„Не вреди да се игра за вештачка држава. Резигниран сум од односот на Македонците кон Албанците. Тие ни ја навредуваат нацијата и религијата и секогаш не ставаат во втор план при настапот на репрезентациите. Силно го поддржува бојкотот кон македонските селекции бидејќи тие константно нè навредуваат на национална основа“, изјави Тачи за Журнал на почетокот на минатата година.

Тој коментираше дека нема емоции за настапот на македонсктие кошаркари на Европското првенство во Литванија и дека го интересира само репрезентацијата на Албанија
„„Немам никакви емоции околу настапот на Македонија на ЕП ниту нивниот успех го чувствувам како свој бидејќи во минатото многу пати бев навреден од тие што ја предводеа репрезентацијата. За мене постои само репрезентацијата на Албанија бидејќи ја сум горд што сум Албанец“ – рече Тачи за Журнал

Прес24

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1