Драчевец по грешка фрлил кутија со 10 000е – претурал по камионот со ѓубре во Дрисла – ги нашол


Скопското ѓубре е поврзано со многу приказни, но најмногу се раскажуваат оние кога граѓаните по грешка ќе фрлат илјадници евра, па трчаат по камионите за отпад или ја пребаруваат депонијата Дрисла за да ги најдат. Иако депонијата асоцира само на едно, а тоа е ѓубре, нечистотија, зарази и лоша миризба, вработените сведочат како на граѓани не им пречело да доаѓаат да си ги бараат кутиите полни со пари кои не сакајќи ги фрлиле во ѓубре, па завршиле кај нив, пишува Вечер.

kontejnerТака некој човек од Драчево во кантата за смет по грешка ја фрлил кутијата во која чувале 10 илјади евра. За среќа, човекот се сетил на парите уште истиот ден кога дошол камионот да го собира сметот.
– Цела фамилија околу шест луѓе беа тргнати по камионот и дојдоа во Дрисла. Во камионот немаше многу ѓубре, за среќа околу три тони. Бевме замолени да го истовариме ѓубрето на страна и сите почнаа да го пребаруваат. За кратко време успеаја да ги најдат, а наш вработен доби и награда, раскажува Ибиш Шефкит, заменик на помошник-директорот за оператива и депонирање на Дрисла.

Сепак, ваква среќа немал еден тетовец кога ѓубрето од неговиот град се уште се складирало во Дрисла. По свадбата накитот за невестата кој бил складиран во кутија и најверојатно бил во вредност од 10 илјади евра неговата мајка не знаејќи дека во кутијата има накит ја фрлила во кантата за ѓубре. И тој возел со автомобилот по шлеперот што го пренесувал ѓубрето се до Дрисла, но назад се вратил со празни раце.
– Тоа беше навечер и јас работев на вагата. Тој не замоли да го пребара ѓубрето од камионот, кој беше преполн и имаше околу 20 тони отпад. Иако бараше два-три часа не можеше да го најде накитот и си замина разочаран. На заминување понуди и награда од 500 евра за вработен во депонијата што ќе го најде, вели Шефкит.

Како поголема сума пари која завршила меѓу отпадот во депонијата се и 70 илјади долари исто така на некој тетовец, но и тие не биле пронајдени. Се случувало и вработени од депонијата и неформални собирачи на смет да наоѓаат и пари со помала вредност од 200-300 долари, а најден е и златен прстен.

Вечер.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1