Млада девојка од Драчево од вчера се води за исчезната.
Како што информираат од полицијата, на 22.01.2015 во 16:30 часот во полициската станица Драчево, Н.А.(47) поднел пријава за исчезнато лице.
Станува збор за неговата 20-годишна ќерка, С.А.
Таа на 21-ви месецов околу 15:30 часот, од дома се оддалечила во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.