Двајца перачи на прозорци висела час и половина во гондола на 48 чат од ДЦ Тауер, највисоката зграда во Виена во Австрија, откако попуштила една од двете сајли кои ја држеле гондолата.
Инцидентот се случил вчера околу 13 часот, а двајцата мажи останале заробени на висина од 144 метри. Акцијата за спасување ја отежнуваше силниот ветер кој повремено ја нишаше гондолата од една на друга страна.
На самото место пристигнаа 30 пожарникари кои низ отворите за вентилација успеаа да дојдат до работниците. Откако прво ги врзале со сигурносни сајли, пожарникарите успеаа да ги повлечат мажите во зградата. Работниците не се здобиле со физички повреди, но еден од нив бил во состојба на тежок шок.
По спасувањето, пожарникарите со додатни сајли ја осигурале гондолата, за да ја спуштат на тлото.
ДЦ Тауер е висок 250 метри, и се наожа во 22. виенска општина.