Драма на аеродром: Сопрена белграѓанка поради сомнение дека носи експлозив


Mе испрашуваа дали сум терорист, дали со себе носам експлозив, на што одговорив негативно, објаснува за српски Телеграф, младата белграѓанка.

Сепак, објаснува таа, алармите на аеродромот во Црна Гора покажуваа поинаку, дека со себе носи експлозив.Aerodrom-Tivat-skener-dinamit-620x350

Девојката при своето враќање од летувањето во Црна Гора, доживеала непријатно искуство, кога на аеродромот била сопрена како да е најголем терорист.

Уредите за безбедност покажале дека на нејзиното тело има експлозив.

-Ме прашаа дали сум терорист, дали со себе имам експлозив, на што одговорив негативно. Меѓутоа уредите покажуваа нешто спротивно. Потоа ме однесоа во една просторија ме мачкаа со нешто на рацете и на компјутерот се покажа зелено светло што значеше дека имам експлозив и тоа во рацете, објаснува таа за српски Телеграф.

Потоа, објаснува таа, и рекле дека некогаш уредот знае да направи грешка и потоа била пуштена да си оди слободно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1