ДРАМА НА БРОД КОЈ ПЛОВЕЛ КОН ХРВАТСКА: Испратиле СОС „Тука има вооружени луѓе“


Брод со околу 700 патници во близина на островот Крф испрати повик за помош, наводно поради вооружени лица на бродот.

Според некои извештаи бродот кој моментално се наоѓа кај брегот на Крф пренесува 700 патници. Грчката телевизија јавува дека во инцидентот на бродот вклучени се илегални имигранти.

brod hrvatska

Инаку, станува збор за молдависки товарен брод „Blue Sky“ кој во моментот на испраќањето помош се движел кон хрватско пристнаниште. Патувал во Ријека кога нагло го сменил правецот кон Италија.

Грчките власти испратиле хеликоптери на местото на настанот како би се обиделе да помогнат. Нема дополнителни информации за случувањата на бродот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1