Драма на Клинички: Со крвав шприц се заканил дека ќе го прободе ако не му даде пари


СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје со кривична пријава ги предаде лицата  Б.И. (35) и Ш.И. (39) и двајцата од Скопје поради основано сомнение  дека извршиле едно кривично дело – “разбојништво“ за што од страна на судија во претходна постапка  на двете лица им е одредена мерка притвор во траење од по 30  дена.

inekcija penisКривичното  дело  пријавените  го извршиле минатата недела во утринските  часови  на  подрачје на ПС ОН Центар, поточно во кругот на Клинички Центар “Мајка Тереза“.

Имено, додека оштетеното лице одело во продавница која е лоцирана во кругот на Клинички центар, пред дневната болница за зависници од дрога Б.И. од зад грб со два удари со тупаница во пределот на задниот дел од главата и со крвав шприц со игла во раката му се заканил на оштетениот дека ќе го боцне ако не му ги даде парите.

Второпријавената Ш.И. со претрес од џебовите на јакната и панталоните одзела 500 денари и еден мобилен телефон на оштетениот, а потоа двајцата заминале во правец на Клиниката за  кардиологија.

Од страна на полициските службеници од ОИД- отсек за разбојништва превземени се оперативни мерки и активности, пронајден е украдениот мобилен телефон  со потврда за одземени предмети одземен и со Потврда за вратени предмети вратен на оштетениот.

Од страна на оштетениот извршено е препознавање при што  со сигурност  го препознал пријавениот Б.И. како и Ш.И. Со сторителите на кривичното дело извршен е разговор, во кој истите во целост го  појаснија начинот и времето на извршување на кривичното дело. Инаку, пријавените Б.И. и Ш.И. се  регистрирани сторители на кривични дела од областа на имотните деликти – кражби и разбојништва, како на кривични дела од областа на недозволената трговија со наркотички дроги.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1