ДРАМА НА НЕБОТО: Бомба експлодирала во авион – српски пилот ги спасил сите (Видео)


Пилотот Владимир Водопивец (64) од Белград успеал утрово безбедно да го спушти авионот со 74 патници и членови на екипажот на аеродромот во Могадишу во Сомалија по експлозијата која разнела дел од телото во десното крило на авионот, дознава “Блиц”. Меѓународните медиуми оценуваат дека пилотот направил “невозможна мисија”, бидејќи инцидентот поминал без жртви.avion-eksplozija-rupa-somalija-pilot-vladimir-foto-twitter-1454446051-837245
– Половина час по што полетал од аеродромот во Сомалија, на 3.300 метри надморска височина имаше ужасна експлозија. Патници почнаа да плачат, а јас веднаш се вратив на аеродромот. За среќа, никој не беше сериозно повреден – раскажува Владимир Водопивец.

Водопивец ова му го раскажал на својот пријател од Белград, а дека ситуацијата не била наивна покажуваат фотографии на оштетеноста на воздухопловот на кои се гледа десното крило, кое по експлозијата било разнесено и направила дупка со големина на три прозорци.profimedia-0272970663_1000x0
Авионот на компанијатана “Дало Ерлајнс” со 74 патници, од кои 70 турски државјани, слета на аеродромот само неколку минути по полетувањето од аеродромот Адент Аде утрово во Могадишу, а требаше да оди кон Џибути, пренесоа сомалиските медиуми.

Авала Кулан, сомалиски амбасадор во ОН, објави снимка, што е направено со воздухопловот по експлозијата. Тој покажува маски за кислород како висат над главите на патниците додека воздухот продира преку дупка во кабината.
“Слушнавме гласни звуци и ништо не можевме да видиме освен чад за неколку секунди, а кога видливоста се подобри, сфативме дека недостасува парче од авионот”, напиша Кулане во врска со инцидентот на небото.

Инспекторите од Сомалија велат дека истрагата е во тек и се уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата. Постојат неколку претпоставки во оптек, од откажувањето на трупот до пукање во цистерните со кислород.Screenshot_121

Сепак, медиумите шпекулираат дека тоа е уште еден самоубиствен напад што најверојатно некој од патниците донел експлозив, бидејќи во овој момент на тоа укажуваат трагите од авионот кој беше оштетен ,а граѓаните на Балкада село во близина на Могадишу, посочија дека забележале експлозија и дека во овој пат “, од небото паѓало изгорени тело.” СИ-Ен-Ен, цитира извори блиски до истрагата, анализата на уништенииот авионот покажа “експлозивни остатоци”, што укажува на тоа дека имало проблеми со бомба.

– Мислам дека тоа е бомба, но за среќа не е оштетен системот за контрола, па можев да се вратам и да слетам на аеродромот. Ова никогаш не се случило. Ние загубивме притисок во кабината. Фала му на Бога што се заврши добро – рече Водовпивец веднаш по инцидентот на неговиот пријател.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1